Вицепремиерот и министер за одбрана на Хрватска Иван Анушиќ, Министерството за одбрана, вооружените сили на Република Хрватска и хрватските воздухопловни сили упатија длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на загинатиот припадник на хрватската војска.

Припадник на хрватската армија загинал во вторник, на 13.02.2024 година, при проверка на моторички вештини во касарната „Полковник Марко Живковиќ“ во Велика Горица, соопшти Министерството за одбрана.

Станува збор за подофицер на хрватското воздухопловство. На местото на настанот му била укажана итна медицинска помош.

Вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, Министерството за одбрана, вооружените сили на Република Хрватска и хрватските воздухопловни сили упатија длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на загинатиот припадник на ХВ.