Мајка на три деца (22) која паднала низ прозорец од стан на четврти кат во Виена, се уште се бори за живот во болница, додека нејзиниот сопруг, Бугарин, во меѓувреме е пуштен од притвор.
Инцидентот се случил во саботата попладне, по што нејзиниот сопруг Бугарин бил уапсен.
Тој дал контрадикторни информации за инцидентот, за кој полицијата првично беше сомничава.
Во моментот на несреќата во станот биле нивните три деца и пријатели.
Тие рекоа дека парот се скарал пред таа да падне од прозорецот, наводно од љубомора.Нејзиниот сопруг признал дека имало расправија, но рекол дека не ја турнал жената низ прозорецот.
Оттогаш тој е ослободен од притвор.
„Во моментов нема ништо што навистина го инкриминира“, објаснува портпаролката на регионалниот суд, Кристина Салцборн.
По пристигнувањето во болницата, жената накратко рекла дека паднала додека ги чистела прозорците.