Утрово во Лазарополе беа измерени -1 степен, додека на Попова Шапка температурава утрово беше нула степени.
Во Скопје утрово беа измерени 12 степени, а најтопло беше во Гевгелија каде утрово се измерени 15 степени.
Во изминатото деноноќие најмногу дож наврнал во Прилеп 21 литар на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.)
Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.