Хрватскиот министер Давор Божиновиќ потврди дека човекот кој вчера пукаше и уби жена во месноста Максимир починал во раните утрински часови.

Како што ексклузивно дознава „Јутарњи лист“, во еден момент на полицајците им рекол дека „испил солна киселина“ и затоа кривичната истрага против осомничениот не можела ни веднаш да започне, туку бил пренесен во болница на лекарски преглед за да се види дали ова тврдење било точно. На крајот испадна дека не лаже.

– Според информациите што ги имам од утрово, насилникот починал во болница. Веројатно резултат на тоа што испил некоја течност, сеуште не знам што точно е. Затоа не рековме дека е приведен, туку само дека бил под полициски надзор. Можам да потврдам дека почина синоќа, односно во раните утрински часови – изјави Давор Божиновиќ, пренесе телевизија Н1 и додаде:

– Мислам дека јавноста го прифати фактот дека Владата направи добар потег со тоа што го заострува кривичното дело убиство со фемицид со минимална казна затвор од 10 години. Ова е секако нешто за што сите се согласивме дека е добра одлука. Вчера, за жал, се случија две убиства, при што второто не е утврдено дека е кривично дело извршено од блиско лице. Овие два случаи, колку што знам, не можеа да се спречат бидејќи немаше индиции дека тоа може да се случи. Полицијата ќе ја информира јавноста кога ќе има повеќе информации, се уште работи на утврдување на околностите.