Пред нешто повеќе од пет месеци, Марио Ковачевиќ (48) ја шокираше, но и ја обедини хрватската фудбалска јавност, кога објави дека боледува од рак на белите дробови и дека поради тоа мора да се повлече од тренерската функција од Вараждин со цел да се посвети на лекување и закрепнување. Него на клупата го замени спортскиот директор Никола Шафариќ, но само привремено затоа што Ковачевиќ најави враќање, пишува Индекс.хр.

„Пред два дена бев на преглед, лекарите рекоа дека се е во ред, оди како што треба. Ракот се повлече, дури и изненадувачки е добро, иако верував дека ќе биде така од првиот ден. Најважно од се беше што дојдов на време, на време дознавме. Лекарите одлично си ја завршија работата, а последните снимки покажаа дека сум чист, така да се каже“, изјави Ковачевиќ:

„Знаев што е рак на белите дробови кога ми беше дијагностициран, само еднаш отворив и не сакав да читам повеќе. Потоа повторно помислив, добро, децата се веќе големи, но не сакав да размислувам негативно. Знаев дека ќе биде добро“.