Наставничката од Лас Вегас, Алиша Милер, признала дека по излив на гнев му ја скршила ногата на едно од децата што ги чувала. Инцидентот што се случи во мај 2021 година во градинката „Creme de la Creme“ доведе до тоа надлежните органи да ја осудат Алиша Милер (32) за злоупотреба на деца.

Снимките од надзорните камери го фатиле моментот кога наставничката го земала се уште неидентификуваното дете, го фрлала на подот и го тепала додека не му ја скршила ногата. Поради признанието за вина, Милер беше поштедена од затворска казна, но наместо тоа доби 50 часа општествено корисна работа, како и обврска да посетува часови за справување со гневот.

Адвокатот на семејството на повреденото момче изјави дека градинката од самиот почеток не истражувала соодветно како навистина се одвивала ситуацијата. Тој додаде дека градинката задоцнила да му ја пружи итната медицинска помош на детето, како и тоа што никој од нив не ја повикал итната помош, туку таткото на момчето.

Родителите изјавиле и дека овој страшен настан влијаел и на психичкото здравје на детето, а момчето по инцидентот имало проблеми со говорот. Се огласија и од градинката и рекоа дека обвинетиот веднаш бил отпуштен и оти нивен приоритет, долги 40 години, отсекогаш била безбедноста на децата.