Наивна жена од Хрватска останала без неколку илјади евра откако поверувала дека случајно добила награда од 800.000 евра од светски позната компанија.

– Полициски службеници добија пријава од 43-годишна жена за сторено кривично дело измама над неа. Од пријавата произлегува дека оштетената во средината на април годинава контактирала лице кое ѝ се претставило како генерален менаџер на една од светски познатите компании за испорака на пратки преку апликација за мобилна комуникација, објавија хрватските медиуми.

При гореспоменатата комуникација била известена дека освоила 800.000 евра и дека парите ќе ѝ бидат доставени на домашна адреса. За да ја добие сумата, оштетената прво морала да ги плати трошоците за испорака, царинење и слично, што и го направила.

Таа од април до јуни во неколку наврати уплатила вкупно неколку илјади евра на банкарски сметки на различни приматели. Но, измамниците сепак барале нови плаќања, а таа сфатила дека е измамена и го пријавила настанот во полиција.

– Против непознат сторител ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело измама, велат од полицијата во Меѓумурје.