До медиумите стигнала информација за тоа како изгледаат интервјуата за работа во „Amazon“ додека истите ги правел Џеф Безос.

Безос во едно интервју на потенцијална вработена во „Amazon“ ѝ поставил само две прашања, а потоа ја вработил веднаш.

Ен Хиат се пријавила за работа во „Amazon“ во 2002 година, а на крајот на процесот разговарала со сопственикот на фирмата.

Хиат морала да помине низ помали интервјуа за да стигне до Безос, а потоа работите многу брзо се одвивале. Таа изјавила дека Безос започнал така што ѝ поставил една загатка за која рекол: „И јас ќе пресметувам“.

Заедно пресметувале…

„Сакам да го процените бројот на прозори во градот Сиетл“, изјавил Безос.

Таа кажала дека најдобриот начин за утврдување на бројот вклучува број на градската популација, а потоа собирање во зависност од тоа дали тие имаат дом, превоз, канцеларија и училиште.

„Поради тоа предложив процената да биде врз основа на нивните просеци“, изјавила таа.

Потоа размислувала со Безос и двајцата го разгледале секое можно сценарио и аномалија и на крај дошле до одредена проценка.

„Тоа изгледа добро“, изјавил Безос. Второто прашање кое ѝ го поставил било поедноставно.

„Кои се вашите цели во кариерата?“, ја прашал Безос.

Хиат објаснила дека сака да работи во „Amazon“ поради тоа што според нејзиното мислење компанијата е составенa од амбициозни и страсни луѓе од кои сака да учи понатаму во животот. Тоа било доволно за Безос да ја најми да рабити за компанијата.