Поминаа 20 долги денови откако на Тамара Новаков (19) од село Јерменовци кај Панчево и се изгуби секаква трага! Нејзиното семејство продолжува да го шири апелот за да добие барем некоја информација, но за жал засега безуспешно. Сепак, полицијата се уште го пребарува секој дел, а постои можност да наиде на нови индиции кои би можеле да ја олеснат потрагата.

– Се уште немаме никакви информации, времето само минува, а сè стои и нејзе ја нема. Се држиме максимално и се надеваме на добри вести – изјави сестрата на Тамара, Саманта Новаков. Таа и понатаму апелира до сите, доколку знаат нешто, да ја известат полицијата и да помогнат во потрагата по Тамара.

Да потсетиме, на 19 октомври по жестока расправија со нејзиното момче Елвис Николиќ (23), заедно со него исчезна Тамара Новаков. Но, она што донесе посебна доза на страв беше моментот кога по осум дена потрага по нив, Елвис беше пронајден мртов во каналот Дунав-Тиса-Дунав во градот Јаношик, општина Алибунар.

– На 19 октомври биле кај нашата сестра Кристина. Елвис дури двапати и удрил шлаканица на Тамара, а таа му возвратила. По таа непријатна сцена заедно ја напуштиле куќата на сестра ни и оттогаш ниту еден од нив не контактирал со никого – изјавила претходно загрижената Саманта.

Од Вишото јавно обвинителство Панчево денеска потврдија дека резултатите од обдукцијата на телото на младиот човек се уште не се пристигнати, но, како што велат, треба да стигнат во секој момент.

Мистеријата за нивното исчезнување и откривањето на телото на момчето на Тамара се уште е присутна во двете семејства. Семејството на Елвис се уште чека одговори на многу прашања, но успеале да соберат сили и да го погребаат младиот човек на селските гробишта каде што е роден.

Инаку, на местото каде што е пронајдено телото на Елвис, како што пренесуваат медиумите, се уште се трага по секој милиметар, со оглед на тоа што полицијата некаде остава можност девојчето да е се уште живо. Како што пренесуваат медиумите, во куќата во близина на каналот каде што е пронајдено телото на Елвис, пронајден е прамен коса и крвава маица, но се уште се утврдува на кого му припаѓаат.

– Припадниците на Нуркачката единица на Жандармеријата со сонар го пребараа делот од каналот кај селото Јаношик каде беше пронајдено телото на Елвис, потрагата по Тамара секако продолжува во повеќе правци. Дополнително се проверуваат сите викендички и напуштени куќи во околината, како и оние непристапни делови од местото – вели изворот.