Mалку се земјоделците кои се занимаваат со производство на земјоделски култури кај нас, а исто така во село Бојане годинава имаме помало производство од лани. Сето тоа влијаеше како резултат на високите цени на земјоделските производи финалниот производ да излезе како што треба, се одразил и на немањето работници и на градот кој оштети многу земјоделски култури кај нас. Грозјето на Бојане годинава чини 100 денари за килограм“.
Жителите на скопското село Бојане велат дека во овој крај има малку луѓе кои се занимаваат со земјоделство, а лозјата во просек ги обработуваат луѓе постари од 50 години бидејќи како што велат, најголем дел од младите заминале во странство.
„Порано беше поинаку, имаше многу работа во селото но имаше и работници, сега нема кој да работи, сите луѓе се иселија и останавме само постари. Што да правиме, ниту да сееме, ниту да жнееме, нивите останаа без луѓе. Нема луѓе ни на планина ни на нива, тогаш имаше луѓе кои работеа на нива и на планина а сега ги нема, останаа само постарите и не можеме“, рече Жител на Бојане.
„Има многу што работат или малку? Да, малку се. Зошто нема работници? Заминаа во странство. Тогаш грозјето немаше добра цена, а сега штета прават и дивите свињи и кратците. Младите заминуваат надвор, голема е стапката на невработеност“. Некој засадил и нови и ако е оваа цена, зборуваат дека повторно ќе се вратат на грозјето. Порано работевме лозја, лубеници, пченка или да се каже поинаку си обезбедувавме сопствена трпеза„, рече еден друг жител.
Откупувачите од Бојане велат дека иако цената годинава е висока, сепак купуваат грозје бидејќи на овој начин им помагаат на малкуте лозари кои останаа во ова село.
„Грозјето во Бојане велат дека е најдоброто грозје. Да, точно е, така велат и постарите. Ајде да го пробаме денес. Дали сте случајен патник и сте застанале да купите грозје? Да, случајно. Бев во Скопје и случајно застанав. Што мислите за цените? Цените се малку високи за нашиот стандард”, рече еден жител.
За промоција на земјоделството и грозјето во Бојане, осма година по ред се организира фестивал на грозјето. Оваа организација ја прават самите жители на селото./Алсат.мк