Македонската фудбалска селекција се наоѓа на помалку од два часа пред одигрување на историскиот меч на едно ЕП.

Наш противник ќе биде селекцијата на Австрија, а на мечот на Националната Арена во Букурешт ќе грми македонска песна.

Македонската фаланга полека од Стари град во Бкурешт се упатува кон арената, а има и организиран превоз со автобус до одредена точка.

До стадионот потоа може да се дојде исклучиво пешки, а македонските навивачи формираат река од луѓе која се слева кон арената.

Во исто време безбедносните мерки се на највисоко ниво и од копно и од земја.

Во Букурешт ечат македонските песни, се скандира неколку часа пред почетокот на историскиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство.

Социјалните мрежи вријат од видеа од нашите навивачи, кај кои радоста, возбудата и желбата за победа се повеќе од очигледни.