Спасувачките екипи, кои со раце ги ископаа последните три метри за да стигнат до малиот Рајан (5), кој во вторникот падна во длабок бунар, стигнаа до момчето. Акцијата за спасување влезе во завршна фаза. Вестите поврзани со спасувањето на детето се различни. Додека едни пренесуваат дека медицински тим веќе стигнал до детето, според други остануваат уште десетици сантиметри да се ископаат за спасувачите и медицинските лица го извадат надвор.
Според видеото кое се емитува во живо, спасувачите се на дофат до детето и остануваат уште само 20 сантиметри за да стигнат до него и да го извлечат.
Вечерва машините со помош на рачни копачи пристигнаа на метар од местото каде што се наоѓа петгодишниот Рајан Аврам, на дното на бунар длабок 32 метри, во ридовите кај Шефшауен.
„Спасувачите се во тунелот…ова е најделикатната фаза“, изјави главниот спасувач Абделхади Тамрани, обраќајќи им се на новинарите на лице место – пренесува Ројтерс.
Секој погрешен потег додека спасувачите се обидуваат да го исечат последниот тесен дел од карпата и земјата може да предизвика лизгање на земјиштето, а Тамрани рече дека тие се движат многу внимателно.
Тој нагласи дека е тешко да се утврди состојбата на момчето, бидејќи камерата која била спуштена низ бунарот покажала дека лежи на страна и додаде дека „се надеваат дека ќе го спасат живо“.
Последната фаза од спасувањето вклучува копање хоризонтален тунел од ровот до локацијата на Рајан, а Тамрани рече дека тие се на само околу 80 сантиметри од него.
Спасувачите поставија бетонски и челични цевки во тунелите што ги копаат, што ќе им овозможи да го одведат Рајан на безбедно.
Ридската област околу Шефшауен е многу студена во зима и иако храната му била испратена на Рајан, не се знае дали тој јадел нешто.
Водата и кислородот му биле доставени на Рајан преку цевки.
Според извештаите на медиумите од местото на настанот, хеликоптер и медицински тимови специјализирани за реанимација чекаат спасувачите да го извлечат Рајан на површината и потоа да го пренесат во болница, јавува Ројтерс.
Мароканските спасувачи влегле во тунелот што води до џебот во кој било заробено петгодишното момче неколку дена откако паднало во бунарот, јавија дописниците на АФП.
Лекарскиот тим е со спасувачите. Се надеваат дека ќе го најдат жив малиот Рајан. Според локалните медиуми, друга спасувачка екипа сега треба да го извлече момчето од дупката.
Засега не е познато колку време ќе им треба да излезат од тунелот. „Arab News“ пишува дека е потврдено дека момчето вдишува помалку кислород, дека дише побавно, но сепак дише.
Камерата вметната во бунарот покажа дека момчето одзади лежи на страна, изјави шефот на спасувачката операција Абделхади Тамрани.
Лекарскиот тим е подготвен да му помогне на момчето. На лице место пристигнал и хеликоптерот за да го однесе во болница кога ќе го извлечат од бунарот.
Насобраните им аплаудираа на спасувачите, пееја верски песни и се молеа.