Спасувачките екипи, кои со раце ги ископаа последните три метри за да стигнат до малиот Рајан (5), кој во вторникот падна во длабок бунар, стигнаа до момчето и го извадија надвор.
Според видеото кое се емитува во живо, спасувачите го извадија детето и го пренесоа во амбулантното возило, но не се знае дали детето е живо.
Вечерва машините со помош на рачни копачи пристигнаа на метар од местото каде што се наоѓаше петгодишниот Рајан Аврам, на дното на бунар длабок 32 метри, во ридовите кај Шефшауен.
Спасувачите поставија бетонски и челични цевки во тунелите што ги копаат, што ќе им овозможи да го одведат Рајан на безбедно.
Ридската област околу Шефшауен е многу студена во зима и иако храната му била испратена на Рајан, не се знае дали тој јадел нешто.
Водата и кислородот му биле доставени на Рајан преку цевки. Каква е точната здравствена состојба на детето се уште не е познато.