Испадот кој го направи Марко Арнаутовиќ веднаш по постигнувањето на голот на натпреварот против Австрија крена голема „прашина“ во спортската јавност.

Медиумите ширум Европа открија дека Арнаутовиќ на национална основа како албанец го навредувал Алиоски, на што ФФМ остро реагираше и побара најстрога казна од УЕФА. Според медиските пишувања, гневот на 32-годишниот фудбалер бил насочен и кон македонските играчи Бејтулаи и Алиоски, и двајцата со албански корени.

„Капитенот на BFB, Давид Алаба, силно ја зграпчи брадата на Арнаутовиќ по неговиот погодок за разлика од 3: 1 (89.) додека го славеше голот и сакаше да го смири својот лут соиграч. Претходно, се вели дека Арнаутовиќ го мал третирал својот противник Езгјан Алиоски и користел клеветнички израз за Албанците, пишува sport.de.

Македонскиот репрезентативец Алиоски објасни дека ги разјаснил сите нејаснотии со Арнаутовиќ по мечот, бидејќи напаѓачот влегол во соблекувалната на Македонија и се извинил за прекумерната реакција.

„Не можев да го слушнам што викаше бидејќи публиката славеше во тој момент. По натпреварот зборувавме и се смиривме. По мечот дојде во нашата соблекувална, ми подаде рака и ми се извини. Арнаутовиќ дојде како пријател, зборувавме на германски и се разбравме на крајот“, вели Алиоски.

Германскиот портал „Спорт“ исто така нашироко пишува за ин*идентот. „Арнаутовиќ се извини – УЕФА не реагира“ е насловот во „Спорт“, во кој пренесува делови од интервјуто на Арнутовиќ, во кој тој изјавува дека разговарал со Алиоски по натпреварот и дека во понеделникот побарал разговор со капитенот на Северна Македонија, Горан Пандев.

„Тој е мој добар пријател и ми рече, заборави на сè, знам како функционираат работите во фудбалот и какви се емоциите“, рече Арнаутовиќ. Како и да е, тој сакаше да каже „за целото човештво и за целиот свет жалам за тоа!“ , изјавува Арнаутовиќ.