Тимот на Еурофарм Пелистер во продолжение од сезоната ќе има нов шеф на стручниот штаб. Досегашниот стратег Бранко Ангеловски си поднесе оставка на таа функција по поразот во Автокоманда од „сино-белите“.
Под водство на Ангеловски, Еурофарм Пелистер стигна до шампионската титула минатата сезона во Супер лигата.
Битолчани в четврток ги очекува натпреварот против унгарскиот Веспрем во Лигата на шампионите, па од македонскиот првак ќе соопштат кој ќе го води тимот.
Во досегашниот тек од сезоната во Супер лигата, шампионот беше поразен кај Вардар и во Автокоманда, а забележа победи на шест средби.
Во Лигата на шампионите, битолчани освоија бод против Спортинг Лисабон, а беа поразени на четири меча.