Челзи конечно доби нов сопственик по неколку недели шпекулации.

Откако Велика Британија го суспендираше имотот на Роман Абрамович, рускиот тајкун веднаш реши да го продаде клубот од кој направи светскиот гигант.

Околу два месеци се шпекулира кој ќе го купи Челзи, за да конечната потврда за промената на сопственичката структура пристигне во ноќта од петок кон сабота.

Нов газда на лондонскиот клуб е Тод Боли (46), кој е косопственик на познатата НБА франшиза, ЛА Лејкерс.

Боли заедно со неколку партнери и компанијата Клирлејк се договорија да го преземат Челзи за сума од 3 милијарди евра.

Примопредавањето на сопственичката структура ќе се случи до крајот на месецот, поточно штом британската влада даде зелено светло. Тоа значи дека сините ќе добијат лиценца за настап во новата сезона од Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Интересно е што Абрамович нема да добие ниту едно евро од продажбата на Челзи, а целата сума ќе ја донира за помош на Украинците кои настрадаа од руската агресија.