Во раните утрински часови на патот од граничниот премин Евзони кон Солун се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите неофицијални информации од терен животот го загубиле најмалку четири лица. Во несреќата учествувале две грчки патнички возила и двокатен автобус со нишки регистарски таблички кој превезувал патници кон Грција, а во кој имало 78 лица.
– Возач на патнички автомобил преминал на спротивната лента и се судрил со автобус што доаѓал, по што се одбил и удрил во друго патничко возило, кое од силината на ударот се превртело на страна и слетало на коловоз – велат очевидци на оваа страшна трагедија за агенцијата РИНА.
Голем број патници од автобусот се здобиле со тешки телесни повреди.
– Луѓето веднаш притрчаа да помогнат и ги извлекоа повредените и онесвестени – додаваат очевидци.
Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале огромен број грчки служби за итна помош за да им укажат лекарска помош на повредените.
На местото на настанот пристигнале и припадници на полицијата кои вршат увид.