Откако медиумите во Србија објавија дека е пронајден машки труп во фаза на распаѓање закачен на сплав во белградската населба Умка, во тек е обдукција и идентификација. Како што известија, поради високата фаза на распаѓање, за идентификацијата ќе треба да се почека наодот на форензичарите.

Резултатите од обдукцијата и идентификацијата ги чека и хрватската полиција, бидејќи официјално се уште трае потрагата по исчезнатиот 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, дознава Јутарњи.хр од свои извори во хрватското МВР. Се додека официјално не се утврди идентитетот, полицијата нема да соопштува информации во јавноста.

27-годишниот Матеј Периш од Сплит исчезна во првите часови на 31 декември кога го напушти клубот Готик во Белград. Камерите го снимија како трча низ околните улици и моментот кога се спушта на платото кај реката Сава.