Невидена ситуација ги затекна гледачите на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ – откако големото финале кое се емитува вечерва, беше ненадејно прекинато.
Поради ситуацијата во Белград и немирите на улиците, емитувањето на финалната вечер беше прекинато по емитувањето на првиот круг од настапите на финалето од 20 кандидати.
Водителката Ана Севиќ во програмата во живо рече:
– Драги гледачи, Гранд продукција отсекогаш ги почитувала правилата и како играчи на фер-плеј не можеме да дозволиме кандидатите од Србија да бидат оштетени, со оглед на тоа што вечервашната емисија не беше емитувана во целост на територијата на Србија – рече Ана и продолжи:
– Најавуваме дека ќе ја продолжиме емисијата следната сабота со цел да се емитува на територијата на сите земји , за сите кандидати да добијат еднаква шанса и можност за победа. Ви благодариме што бевте со нас вечерва и што гласавте. Поддршката е важна за сите нас во ова време. Се гледаме следната сабота, кога ќе продолжиме со нашето дружење.
Следната сабота се очекува да биде прогласен победникот.