Вчера вечер околу полноќ на скопскиот аеродром полицијата го привела поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ.

Во паралелна акција која започнала рано изутрина на граничниот премин Табановце бил приведен и екс претседателот на советот на општина Центар Владимир Здравев.

Во акцијата за која МВР добило налог за апсење од Јавното обвинителство се уапсени повеќе други лица.

Според извори во истрагата апсењето се случило во врска со изградба на мостот Око кој е дел од проектот “Скопје 2014” за кој судот пред еден месец донесе конечна пресуда дека нема криминал по што целосно од вина беше ослободена екс министерката за култура Бети Канчевска Милевска.

Апсењето на Тодоровиќ кој е газда на една од најбогатите македонски компании Тинекс и Здравев кој е поврзан со хотелот Солун во центарот на Скопје, се случува поради сомнеж за перење пари при набавка на опрема за мостот ,,Око”.