Двојно убиство се случи вечерва во еден град од источниот дел од државата, дознава 24инфо.мк.

Жена на возраст од 37 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор, таткото на нејзиниот сопруг.

Како што дознаваме, причина за двојното убиство била семејна кавга.

Жената е приведена во полициска станица, а наскоро се очекуваат повеќе информации од МВР.