Едно лице загина, а најмалку 46 се повредени во две експлозии на пумпа во Креведија, во близина на Букурешт. Седум лица од повредените се здобиле со тешки изгореници и нивната здравствена состојба е загрозувачка. По првата експлозија, пожарот се проширил на две цистерни и блиска куќа, за што е евакуиран радиус од 300 метри и блокиран е патниот сообраќај, информираат од Агенцијата за вонредни ситуации (ИГСУ).
Во гаснењето на пожарот учествувале околу 25 противпожарни возила, соопшти ИГСУ. Четири лица се интубирани откако се здобиле со тешки изгореници, соопшти Министерството за здравство.
Во втората експлозија повредени се 26 пожарникари – Втора експлозија се случи на бензинска пумпа во која беа повредени 26 пожарникари, изјави за новинарите заменик-министерот за внатрешни работи Раед Арафат, кој е одговорен за единицата за итни случаи.
A doua explozie de la Crevedia pic.twitter.com/WGCFfhrLGa
— aktual24.ro (@ak24ro) August 26, 2023
Арафат рече дека пожарот се уште не е изгаснат и дека може да има уште експлозии, бидејќи третиот тенк е опасност.
Во продолжение можете да го видите моментот на втората експлозија: