Вклучени аларми и евакуација претпладнево во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје. Причината е пожар во делот на храна.
Молот во моментот е празен, евакуирани се посетителите и персоналот, кои чекаат дозвола за враќање на своите работни места.
Од противпожарната служба информираат дека на терен се испратени три возила кои веднаш интервенирале, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.