Во стабилна состојба е медицинскиот техничар кој синоќа беше прободен со нож во ГОБ „8 Септември“ од 77-годишен пациент.
Тој се уште е под голем стрес и неверување, дека нивниот долгогодишен пациент го нападнал, потврдија од болницата за Канал 5. Пациентот напаѓач е пуштен дома во стабилна состојба со терапија и редовна контрола на психијатар. Според блиски извори на Канал 5, се започнало кога пациентот станал од својот болнички кревет.
Во еден момент медицинскиот техничар забележал дека пациентот почнал да ја турка количката со лекови, неколку пати бил предупреден да ја остави. Првично техничарот помислил дека пациентот имал потреба да се потпре на количката. Кога му се доближил пациентот го нападнал и го прободел со мало кујнско ноже во пределот на ребрата, по што техничарот бил пренесен на хируршкото одделение. Директорот на болницата Христијан Костов изрази жалење за целиот случај и за поведениот вработен.
Осуда и остра реакција за настанот пристигна од Независниот синдикат на здравствени работници, од каде побараа зголемување на безбедноста во болниците.
-Насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психифизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми.- Независен синдикат на здравствени работници
Костов со поддршка на барањата на независниот синдикат, вели дека мора да се зголеми монтирингот кога влегуваат пациентите. Тој вели дека ќе се консултира и со полицијата и со правниот тим за проверка на лежечките пациенти во делот што тие носат во нивните торби.
Во полициските билтени чести се извештаите дека пациенти или нивни блиски нападнале медициснки персонал.