Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер, јавува Сител.

Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите.

Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како што сведочат очевидците, силниот ветер е голем проблем и веќе зафатил голем предел.

За пожарот веќе се известени сите надлежни институции.

Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за жителите и нивните домови.