Гори планината Беласица, објави пред малку локалниот портал Стримица денес.

Од пред околу еден час, во непосредна близина на селото Смолари, на три точки се појавија огнени јазици кои за жал поради сувото време излегуваат од контрола.

– Пожарникарските екипи се таму и вложуваат натчовечки напори, но, борбата ќе биде долга и тешка, објави порталот.

Очекуваме повеќе информации во текот на вечерта.

ОБНОВЕНО: Пожарот кој попладнево избувна на планината Беласица е ставен под контрола

Попладнево во 16:20 часот избувна голем шумски пожар на планината Беласица, над селото Смоларе, кој според првичните информации зафатил поголема површина најразновидна шума.

Избувнувањето на пожарот го потврди командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, според кого пожарот засега е ставен под контрола.

„На терен заедно со припадници на Национални шуми се две противпожарни возила и шест пожарникари, кои го држат под контрола пожарот. На одредени места има горење. Утре на терен ќе излезат вработени од Национални шуми и доколку има потреба на местото на пожарот ќе оди и наша екипа“, изјави Гудев за МИА.

Според информации од жители на селото Смоларе, пожарот избувнал на три места и бргу се проширил.