Утрово во полициската акција на Бирото за јавна безбедност при МВР се апсат припадници на затворската полиција.

Како што дознава 24инфо.мк уапсени се најмалку 15 припадници на затворската полиција.

Инаку, пред неколку денови специјалци од МВР извршија претрес во КПУ Издризово каде пронајдоа голем број на недозволени предмети а беа откриени и два тунели.

Наскоро очекуваме повеќе информации од МВР.

Уапсени 17 лица

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше утринава дека се уапсени 17 припадници на затворската полиција во КПУ Идризово, објави Канал 5.

Акцијата ја спроведе МВР во координација со ОЈОГОКК , а доаѓа по претресите извршени во Идризово пред неколку дена.

Уапсените затворски полициајци веќе се спроведени во Кривичениот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на дејнот.