Хеликоптер се урна на популарната Мајами Бич, во непосредна близина на луѓето кои беа на плажата.

„Хеликоптер се урна денеска во Атлантскиот Океан во близина на Мајами Бич, Флорида, на неколку метри од капачите на една од најпопуларните плажи меѓу туристите“, соопштија официјални лица.

Двајца патници од леталото се пренесени во блиската болница во стабилна состојба, а според достапните податоци се чини дека нема други повредени, пренесува АП.

На видеото објавено од полицијата се гледа како хеликоптер се спушта над океанот и се урива во водата, додека луѓето се сончаат на плажа, а други пливаат, јавува АП.

📷