Судот ја ослободи од обвинеиние велешанката Павлинка Пале Иловска, која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Таа одговара за кривично дело убиство во миг.
„Обвинетата Павлинка Иловска, се ослободува од обвинение“, рече судијката.
Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста откако се дозна дека таа неколку пати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката, Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож, додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана.
Илиовска на вчерашното рочиште кажа дека не се чувствува виновна. Обвинителката пак, која ја гоки Илиовска, посочи олеснителни околности кои се причина за полесна казна. Таа издржуваше куќен притвор.
– Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев на работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите, ги раскажа вчера кошмарните моменти од фаталната вечер на 29 септември лани, кога при семејно насилство го уби нејзиниот партнер Ристовски во нивната куќа во Велес.
Велешкиот суд ја суди за дело убиство на миг, иако јавноста постојано бараше да се третира како убиство во самоодбрана. Во текот на сведоштвата беше осознаено дека убиениот често се однесувал насилно и бил пријавуван, но полицијата никогаш не постапила по пријавите.
Убиениот беше полицаец во СВР Велес, во два наврати е условно осуден за две кривични дела во велешкиот Основен суд, еднаш оти прегазил шестмина тинејџери и еднаш оти ја давел сестрата на Пале.
Мајката на Александар како оштетена не побара кривичен прогон на обвинетата Павлинка, додека татко му Венко остави на судот тоа да го решава. Илоска му била трета невенчана сопруга, а Александар имал зад себе и еден брак со деца. Една од невенчаните сопруги сведочеше каква сè тортура доживувала додека била во заедница, а Александар го нарече алкохоличар и насилник.