Автомобилот со три мртви тела е извлечен од реката, пишува Алсат.

– Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува, информираше пред малку директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Попладнево се случи тешка сообраќајка покрај реката Вардар, на патот Рашче-Сарај.

Автомобил излетал од патот и завршил во реката, информираат за Алсат полициски извори.

Според досегашните неофицијални информации, станува збор за постар брачен пар, нивната невеста и еден од синовите на брачниот пар.

Алсат пренесува дека петтиот сопатник е 5-годишно дете кое го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје.

Детето е во стабилна состојба

По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Директорот на Клиниката за детска хирургија за Сител изјави дека детето нема животозагрижувачки повреди.

– Здравствената состојба на пациентот згрижен на Клиниката на детска хирургија е стабилна, направени се иницијални проценки кои што се уредни, меѓутоа поради начинот на кој настанале повредите, детето е задржано за опсервации, изјави д-р Лазо Јовчески