Четириесет и еден мигрант загинале во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, изјавија некои од преживеаните за локалните медиуми.
Група од четири лица кои ја преживеале катастрофата им кажале на спасувачите дека биле на бродот кој тргнал од Сфакс во Тунис и потонал на пат кон Италија.
Повеќе од 1.800 луѓе годинава ги загубиле животите на преминот од Северна Африка кон Европа, пишува Би-Би-Си.