На патот Охрид-Скопје вечерва се забележани километарски колони на автомобили. Возачите чекаат и по цел час за да го поминат семафорот кај Гостивар. Станува збор за потегот од Стража кон Гостивар, каде огромната колона на возила почнува нешто после Стража.
Дел од возачите нервозни од застојот, се решаваат на ризично претекнување по удолнина возејќи во спротивна насока.
Сето ова создава многу трнзична и небезбедна атмосфета за возачите.
Апелираме доколку поаѓате вечерва кон Скопје да додадете уште еден час на планираното време на пристигнување.