Најмалку девет лица беа убиени во пукотница во училиште во австрискиот град Грац утрово. Меѓу нив, како што дознава Klix.ba, има и две лица по потекло од Босна и Херцеговина.
Амбасадата на Босна и Херцеговина во Австрија претходно соопшти дека нема официјални или неофицијални информации за убиените граѓани на Босна и Херцеговина, но меѓу нив има две лица од Босна и Херцеговина, кои немаат државјанство на таа земја.
Меѓу жртвите се двe млади лица од Босна и Херцеговина
Станува збор за 17-годишниот ученик К.Ј. и девојка со идентитет Х.А. која им подлегнала на повредите.
– Како што дознаваме, уште едно лице по потекло од Босна и Херцеговина се бори за живот, објавија медиумите.
Кој е убиецот?
Напаѓачот е идентификуван како Австриецот Артур А., кој уби девет лица, а рани околу 30.
Како што пишува „OE24“, Артур А. има 21 година од околината на Грац и е поранешен ученик на училиштето каде што се случиле повеќекратни убиства.
Наводно, тој се сметал себеси за жртва на малтретирање.
Според австриските медиуми, наставниците и врсниците го паметат како „ненаметлив и смирен“.