Најмалку три лица се убиени во Градачац (БиХ), а полицијата го опколи градот во голема потера по убиецот. Како што објавуваат медиумите, Нермин Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм.
Според новите информации, Сулејмановиќ не застанал тука и продолжил со крвавиот поход. Како што потврдија за Klix.ba од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени. Исто така, има и неколку ранети.
Сулејмановиќ наводно се уште не е уапсен. Како што потврдија за Klix.ba од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, нивните службеници добиле дојава за употреба на огнено оружје во Градачац.
Гледањето на видеото објавено на Инстаграм не се препорачува поради неговата исклучително вознемирувачка содржина.
Сулејмановиќ се огласи на Инстаграм додека трае потрагата по него
Масовниот убиец Нермин Сулејмановиќ штотуку излезе во живо на социјалната мрежа Инстаграм додека интензивната потрага по него продолжува.
Сулејмановиќ пред малку се огласи на Инстаграм, во живо, од непозната локација. Таму зборуваше за тоа како ги извршил убиствата.
– Ги убив таткото и синот. Господ знае како налетаа на мене. ја убив жената и двајца непријатели. Се надевам дека го убив и полицаецот. Бебето е живо – рекол на видеото, пренесува „Аваз“.
– Ги предупредив сите по ред дека ќе дојде до ова. Осум дена ми го криеја детето – рече тој.
Постојано прашува во живо дали полицаецот што го застрелал преживеал.
– Чекам да го наполнам оружјето и да продолжам понатаму – рече тој и го заврши преносот во живо.
ПОВРЗАНА ВЕСТ: Убиецот од Градачац сам се застрела пред неколку минути пред очите на полицијата