Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино.

Двете повредени лица во сообраќајната несреќа се пренесени во болница.

Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички, соопшти полицијата.