Чешката полиција вечерва соопшти дека расте бројот на загинати во големиот масакр во Прага. Според последните информации кои ги објавуваат чешките медиуми, во нападот загинале најмалку 15 лица, а 24 се повредени. Претходно, медиумите јавуваа за 10 загинати.
Бројот на жртви постепено се зголемува. Спасувачката служба првично извести за 11 загинати, вклучувајќи го и напаѓачот. Полицијата во вечерните часови пријавила 15 загинати. Осомничениот е 24-годишниот студент Давид Козак од селото Хостоун.
Според агенцијата Aktu.cz, напаѓачот употребил автоматско оружје со оптика.
Некои сведоци од околината на Универзитетот зборуваа за тоа дека напаѓачот очигледно пукал и од покривот на зградата, дури и кон полицајците кои пристигнале.