Украина ја обвинува Русија за неуспехот на големата евакуација од Мариупол

Помалку луѓе се евакуирани од планираното од опколениот украински град Мариупол, а вицепремиерката на Украина ги обвини Русите за непочитување на договорот за прекин на огнот.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук вечерва изјави дека договорениот хуманитарен коридор за евакуација на цивили од фабриката за челик Азовстал во Мариупол не функционира како што е планирано. Таа ги обвини руските сили дека не го почитуваат прекинот на огнот.

Руско Министерство за одбрана: Киев ја уништи евакуацијата на цивилите од Мариупол

Поради Киев немаше евакуација на цивили од Мариупол, особено од Азовстал. Украинската армија и странските платеници не ја напуштија фабриката, објави шефот на Центарот за национална одбранбена контрола на Руската Федерација, генерал-полковник Михаил Мизинцев, пишува Тас.ру.

Според него, на 20 април, во 14 часот по московско време, руските вооружени сили отвориле хуманитарен коридор за евакуација на цивили од областа на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол.

– Принудени сме да констатираме дека хуманитарната операција од властите во Киев беше цинично прекината, никој не го искористи коридорот. Командантите на националистичките баталјони не искористија уште една прилика да се спасат себеси и животот на своите подредени, рече Мизинцев.