Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреди притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а околу 190 беа повредени.

Меѓу 13-те за кои е одредена мерката e и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден.