Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани.
Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на пресконференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани денеска, 21.03.2025 година во 12:00 часот.