Истрел од огнострелно оружје е начинот на кој е убиена Вања Ѓорчевска, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина, дознава „Скопје1“.
Наодот кој се работеше 17 дена, ги демантира гласините по медиумите, но и коментарите од професорката по криминалистика дека девојчето било задушено во вреќата при грабнувањето.
Ова би значело дека Вања била жива од местото каде е грабната до местото каде е пукано во неа.
Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.