Центарот за урпавување со кризи (ЦУК) информира дека паднала карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.

Преку Единственствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК добиена е пријава за падната карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, настанот, по што ке превземе мерки Градот преку своите служби.