На социјалните мрежи денеска се споделува видео од насилник кој тепа бремена жена во живо на ТикТок. Од МВР потврдија дека насилникот е експресно приведен и однесен во полициска станица.

Вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи, а извори велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца.

На социјалните мрежи се шират повеќе видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена. Како што дознаваме против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.

Loading...