Две лица се убиени, а едно е рането, во откако 66-годишен жител на кумановското село Габреш пукал во својата сестра и нејзините синови.
– На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш,кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово.
Според неофицијални информации, ранетиот веќе е пренесен на скопските клиники.
Од СВР Куманово додаваат дека увидот е во тек.