Скопјанецот Јонуз Идризи е убиен, а уште три лица се ранети вечерва во Чаир, дознава 24 Инфо. Јонуз е најстариот брат на Камер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.

Идризи бил застрелан пред чајџилница во близина на супермаркетот „Принц“.

Неговиот брат Камер, кој во Бутел е познат како Камбер беше убиен на 13 мај лани на големиот верски празник Рамазан Бајрам. Мотивите за убиството за сега не се познати. Дали е случајност што и Јонуз е убиен на неколку дена пред Рамазан Бајрам.

Камбер беше застрелан околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.

Тогаш настрада и Л.П.(24), кој почина во болница по неколку дена. 24 Инфо тогаш пишуваше дека починатиот имал двоен идентитет и дека вечерта бил заведен во полицискиот извештај со лажните документи.

Двајцата биле во „голф 7“ кога дошол црн џип од кој пукале најмалку двајца со „калашникови“ испукале околу 90 куршуми.