Натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција меѓу Скопје и Гевгелија го одбележа скандал, откако ракометарките на двете екипи си постигнуваа автоголови, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реши да ги санкционира.

РФМ донесе одлука со која двете екипи се исклучени од системот на натпреварување за сезоната 24/25 во сите женски категории, а исто така се очекуваат казни и за одговорните лица во тимовите.

Во текот на утрешниот ден се очекува објаснување за изречената санкција кон екипите кои покажаа како едни спортисти не треба да се однесуваат на теренот.