Крвава драма со фатални последици се случила вчера во селото Подлес. Едно лице го загуби животот а едно лице е тешко повредено по пукањето што се случило во селото.
На 12.06.2023 во с.Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.И.(61) од с.Подлес. Околу 16.10 часот пред неговата куќа, тој, по претходна расправија, од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон М.Д.(42) и М.В.(44), двајцата од Велес.
Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош. Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.
– Според непотврдени извори, кавгата настанала за приклучок за вода, по што убиецот испукал повеќе куршуми и повредил едно лице, додека за другото лице фатални биле повредите од куршумите, објавија локални медиуми.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.