Вулкан во југозападен Исланд еруптираше во понеделникот по неколкунеделни интензивни земјотреси, соопшти метеоролошкиот институт на земјата.

Во текот на неколку дена, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања и големата туристичка атракција „Сина лагуна“.

– Предупредување: ерупцијата започна северно од Гриндавик кај Хагафел – стои во предупредувањето на метеоролошкиот институт.

На првите снимки и фотографии од весникот RUV јасно се гледа како лавата „блика“ од пукнатините во земјата. Хеликоптер на крајбрежната стража наскоро ќе биде во воздух за да ја потврди точната локација и големината на ерупцијата, соопшти Институтот.

Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.

– Засега ми се чини како вулканот да еруптирал на најлошото можно место, ова може да биде најлошото сценарио. Засега тоа е само моја претпоставка, но ми се чини дека лавата блика до 150 метри во воздухот, изјави исландскиот експерт за вулкани Торвалдур Тордарсон за Icelandmonitor.