Маж е повреден со огнено оруже попладнево во Скопје. Пукањето се случило во близина на поликлиниката кај Бит Пазар, а како што дознава МКД.мк од неофицијални извори, повредено е едно лице. Во моментов во тек е увид, а повредениот е префрлен во болница.
За карактерот на повредите, идентитетот на повредениот и причините за инцидентот официјални детали од МВР ќе има во текот на денов.
-Денеска (07.02.2024) од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукало едно лице. Според првичните информации во П.П. пукал Р.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., објавија медиумите.