Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случи во Топанско поле во Скопје. Според информациите на Канал 5 двете лица се на возраст од 35 години.

Од градската болница Свети Наум Охридски велат дека во здравствената установа починатиот бил донесен без знаци на живот, а повредениот е во стабилна состојба.

Од МВР се уште нема информација што точно се случило и кои биле мотвите за пукањето. Со повеќе информации во текот на денот.

Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) за тоа како дошло до пукањето, ниту кои се можните мотиви зад оваа крвава пресметка. Неофицијално, се истражува дали станува збор за пресметка поврзана со криминални активности или за личен конфликт што ескалирал во вооружен напад.

Полициската истрага е во тек, а се очекува во текот на денот МВР да излезе со повеќе детали за ова трагично случување.