Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за семејна расправија во која член на семејството застрелал друг. Од МВР пак велат дека според првичните информации, од огнено оружје, било пукано кон соседите. Се очекуваат официјални информации од МВР.

„Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“, посочувајќи дека станува збор за првичните информации.

Лицето кое е погодено се бори за живот односно е во животна опасност, а на лице место има полиција која го обезбедува местото и Брза помош.

Детали за настанот засега не се познати. Повеќе детали се очекуваат за подоцна.

Loading...

Loading...